Вредна донација за новороденчињата во Општа болница Охрид

ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на мобилен грејач за новороденчиња „NINGBO DAVID – Warmer“, наменет за потребите на најмалите пациенти.

Медицинскиот апарат, дониран од „ДАМЧЕВСКИ“ ДООЕЛ, ќе придонесе за подобрување на условите за згрижување и обезбедување соодветна термичка заштита на новороденчињата, особено во најчувствителните моменти по раѓањето.

Од охридската болница упатуваат благодарност до компанијата за донацијата, нагласувајќи дека поддршката од општествено одговорните компании е од особено значење за унапредување на условите во здравствената установа.

Од болницата посочуваат дека ваквите донации се пример за грижа кон заедницата и поддршка на здравствениот систем, со заедничка цел – подобра и посигурна грижа за најмалите пациенти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани