ЈП „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните отпадот од домаќинствата и дворовите да не го оставаат покрај контејнерите, на улица или на други несоодветни места.
Од претпријатието потсетуваат дека во рамките на акциите за собирање кабаст и зелен отпад, предвидени со Календарот, граѓаните можат да го одложат стариот мебел и другите поголеми предмети од домаќинствата, како и искосена трева, лисја, суви и зелени гранки и друг растителен отпад од дворовите и градините.
Во овие акции не треба да се оставаат градежен шут, електронски и електричен отпад, автомобилски гуми, отпадни масла, опасен отпад и комунален отпад.
Од „Охридски комуналец“ посочуваат дека правилното одлагање на отпадот е важно за спречување на создавањето диви депонии, одржување на чисти и безбедни јавни површини и полесен понатамошен третман на отпадот.
Граѓаните кои имаат потреба од одлагање на кабаст и/или зелен отпад пред предвидениот термин, можат да се јават на телефонскиот број 075/397-944.
Од претпријатието апелираат отпадот да не се остава каде што е најлесно, туку да се искористат организираните акции за негово собирање и правилно одлагање.
Одлагајте одговорно – чистиот Охрид е заедничка одговорност.
