Бесплатен организиран превоз до Скребатно за Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, на 28 август, годинава повторно ќе ги собере верниците во село Скребатно, каде со децении се одржува големиот црковно-народен собир.

Подготовките се при крај, а од Црковниот одбор очекуваат и годинава голем број верници од Охрид и околината, но и од други делови на земјава.

Празничната програма започнува на 27 август. Со почеток во 20 часот ќе настапат „Маестрал бенд“ и Методија Столески.

На 28 август, во 8 часот, ќе започне светата литургија, по што ќе следува големиот црковно-народен собир, а околу 15 часот и традиционалниот ручек за присутните.

За полесен пристап до Скребатно, Општина Охрид организира бесплатен превоз за сите заинтересирани посетители.

Автобусот на 28 август ќе тргне во 8:30 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“, а во 9:30 часот од сред село во Лескоец.

Враќањето од Скребатно е предвидено во 16:30 часот.

Подготвен е и патот до Скребатно, како и паркинзите, со цел празнувањето да помине непречено и посетителите да имаат олеснет пристап до селото.

Скребатно со децении е едно од традиционалните места за одбележување на Голема Богородица, каде празникот се прославува со молитва, литургија, дружење и традиционалниот црковно-народен собир.

Празничниот викенд се очекува да донесе и нов бран посетители во Охрид и околината, а интересот за престој во градот е голем, со букирани хотелски капацитети и зголемен интерес за приватното сместување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани