Тешко повредени двајца во сообраќајка кај Опеница

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид–Ресен, во близина на селото Опеница.

Во несреќата учествувале „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувана од 67-годишен државјанин на Велика Британија, и „опел“ со битолски ознаки, управуван од 28-годишен жител на Буково. Двајцата повредени биле сопатници во „опелот“ и се згрижени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Возачот на „сузукито“ и уште две сопатнички во „опелот“ се здобиле со телесни повреди и биле прегледани во Општата болница во Охрид. Увид извршила екипа на СВР Охрид по насоки на јавен обвинител.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани