Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 11 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, меѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен охриѓанец, и товарно возило „мерцедес“, управувано од 46-годишен охриѓанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „ауди“, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.
