Продолжува уредувањето и подобрувањето на инфраструктурата во локалитетот „Вевчански Извори“, еден од најзначајните природни и туристички локалитети во општина Вевчани.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека започнува втората фаза од реконструкцијата на осветлувањето на пешачките патеки во локалитетот.
Со проектот се предвидува обновување и модернизирање на постојната инфраструктура, со што, како што се наведува, ќе се обезбеди подобра осветленост и поголема безбедност за посетителите, како и попријатен амбиент во локалитетот.
Активностите се дел од континуираното уредување на „Вевчански Извори“ и подобрување на условите за посетителите.


