Во охридското село Оровник во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидени нов асфалт, тротоари, подземно каблирање на електричната мрежа и поставување ново улично осветлување. Вкупната инвестиција изнесува 11,5 милиони денари.
Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денеска извршил увид во градежните работи, кои се одвиваат на потегот од влезот на селото до црквата „Св. Илија“, во центарот на Оровник.
Покрај целосното асфалтирање на главната улица, проектот предвидува и изградба на тротоари за побезбедно движење на пешаците, подземно поставување на електричната мрежа со нови ормари, како и ново улично осветлување.
Според градоначалникот Сиљаноски, со реализацијата на проектот ќе се подобрат инфраструктурните услови и квалитетот на живот на жителите на Оровник.
Инвестицијата е дел од активностите за унапредување на локалната инфраструктура во Општина Дебрца.

