На 25 октомври, во 15:25 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во казино на улицата „15 Корпус“ во Струга, К.Е. од Албанија физички го нападнал 50-годишниот О.О. од струшкото село Октиси. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
