Православните верници денеска, 31 октомври, го одбележуваат празникот посветен на Светиот апостол и евангелист Лука, еден од четворицата автори на светите Евангелија и еден од најпочитуваните светители во христијанската традиција.
Свети Лука бил лекар по професија, а подоцна станал еден од Христовите апостоли и близок соработник на апостол Павле. Тој е автор на Евангелието според Лука и на Делата на светите апостоли, во кои се опишани животот и учењето на Исус Христос, како и ширењето на христијанството.
Во христијанското предание се почитува и како прв христијански иконописец. Според црковното предание, тој ги насликал првите икони на Пресвета Богородица со малиот Исус Христос.
Свети Лука се смета за заштитник на лекарите, медицинските работници и уметниците, а неговиот празник се одбележува со црковни богослужби и молитви.
На овој ден именден празнуваат оние што ги носат имињата Лука, Лукан и други имиња поврзани со светителот.
За многу години празникот!
