Возел со 2,13 промили алкохол во крвта

35-годишен охриѓанец бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол. Случајот се случил ноќеска, 45 минути по полноќ, на кејот „Македонија“ во Охрид.

При сообраќајна контрола, полицијата го сопрела возилото „пежо“ со охридски регистарски ознаки, при што алкотестирањето покажало 2,13 промили алкохол во крвта. Возачот е исклучен од сообраќај, а одземени му се возачките документи.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани