АД „Отекс“ прв на листата должници на УЈП

Охридски „ОТЕКС“ и понатаму е прв на листата должници на Управата за Јавни приходи.

Според најновата листа на должници број 10/2017,објавена од УЈП, ОТЕКС АД Охрид должи 742.851.056 денари,Авто делови Заштитно друштво ДООЕЛ Охрид со 57.049.860, Минерал ДОО Лескоец со 18.882.911, ЈП „Билјанини извори“ со 11.941.625, Видео Инжинеринг АД Охрид со 5.126.901, Младост летувалиште Феријален Сојуз на Македонија со 971.448 денари, неисплатен долг.
На листата објавени се вкупно 2459 должници-правни лица (помалку за 155 од претходната) и 1749 физички лица (повеќе за три од претходната листа). Вкупно објавениот длг на листата изнесува 10.115.289.861 денари или околу 165 милиони евра.

Целата листа тука

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани