Адвокатот Наумоски и претходно добивал закани

Кој и зошто го запали автомобилот на адвокатот Наумоски? Порака, закана или обид за убиство? Многу отворени прашања по вчерашниот инцидент. 

 Со експлозивна направа запален вчера после полноќ беше запален автомобилот на познатиот адвокат  Мишел Наумоски од Охрид. Силната експлозија ги вознемири  жителите  на улицата „Партизанска“ во центарот на градот. Во паника да не се запалат возилата во близина, соседите заедно  се обидувале силниот пламен да го изгаснат со противпожарни апарати. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица пожарот бил спречен.  

 Видно вознемирен Наумоски   отворено раскажа дека и претходно добивал пораки со закани од непознати лица. Му го оштетувале автомобилот во повеќе наврати.

Ова не е прв случај на ваков однос кон мене и моето семејство. Ова е континуитет во последниве три четири години меѓутоа кулминација на ваков начин да се врши некаков си притисок или моменти на заплашување и вознемирување кн моето семејство кое во овој момент е навистина вознемирено. Мислите дека има политичка позадина? Не исклучувам ниедна позадина мислам дека може да има различни мотиви“, вели Мишел Наумоски.

Наумоски закани добивал и од висок старешина од СВР Охрид за што повеќе пати  пријавил во полиција.   

– Дел од моето семејство добивало разни пораки по фејсбук разни дејствија предизвикани од органи на државна управа односмо МВР полициската станица во Охрид изразена преку висок старешниа  во Охрид кој упатувал индирекни закани преку непосредни лица. Има тенденција на постапување кон нашите бизниси како членови на семејството во континуитет а за тоа се запознаени органите за таа работа“, додава Наумоски.

Мишел Наумоски е познат адвокат и  висок функционер на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Тој вели дека се чуствува несигурно, но очекува сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.

„ Од моментот кога јас си отидов дома до моментот на избувнување на позжарот имаше десетина минути  што значи е брзо и сум бил пратен кога сум одел дома каде мојата ќерка беше видно вознемирена  одекна многу силно и мислам дека ваквиот начин не доликува на Охрид како туристички град“, додава Наумоски.

Истрагата и вештачењето на автомобилот ќе го квалификува делото. Дали  експлозивната направа била поставена за закани или обид за убиство.

 Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани