Александар Студински од Германија е победник на 31 пливачки маратон во Охрид. Тој ја преплива патеката Климе Савин за една секунда побрзо од македонецот Евгениј Поп Ацев.
Студински исплива за 5часа 15 минути 14 секунди , додека Поп Ацев за 5 часа 15 минути и 15 секунди , а на трето место една секунда после него пристигна Гилемо Бертола од Аргентина.
Маратонот почна точно на пладне, од Св. Наум, 22- ца натпреварувачи го започнаа препливувањето на 30 километарската патека – „Климе Савин“.