Вечерва завршува „Охридско лето“

„Охридско лето“ свечено ќе се затвори на просторот од поранешната касарна Театарската претстава. „Ничија земја“ во изведба на Македонски народен театар што ќе го затвори годинешното 57-мо издание на фестивалот „Охридско лето“, наместо во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе се одигра на просторот од некогашната воена касарна во Охрид.

Сцената е автентична со приказната во претставата бидејќи темата е војна. Самиот простор кај некогашнта касарна што и’ служел на армијата ќе даде дополнителна симболика на случувањата. „Ничија земја“ е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во воени услови. Драмската ситуација-војна во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ до „братските“ соседни народи, но и внатрешно меѓу луѓето. Директорката на Националната установа „Охридско лето“ Сузана Вренцовска смета дека фестивалот треба да се отвора кон нови сцени зашто самиот град го нуди тоа. – Ова е одлична можност да се отвори фестивалот „Охридско лето“ како сцена. Охрид е град каде што буквално секое катче, секој агол може да се претвори во сцена, вели Вренцовска.

Свеченото затворање на оваа најголема музичко-сценска манифестација во Македонија и во регионот ќе се случи вечерва во 21 ч. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани