Туристичките саеми не ги даваат очекувани ефекти, големи трошоци а мал прилив на туристи.
Анализите покажаа дека најголемиот дел од гостите го избрале Охрид за годишен одмор преку туристички агенции, или преку интернет.
– Само околу 2% информации добиле преку туристички саем, што значи самата организација на туристичките сами ќе треба да се ревидира, вели Цветко Андреески декан на Факултетот за туризам.
И хотелиерите се согласни беспотребно се трошат пари за туристички саеми.
– Трошиме многу средств а еве конкретно ние како Р Макеоднија но во последниве две години саемските манифестации се жалосни и подобро би било да не сме присутни, вели Дончо Танески претседател на ХОТАМ.
Охрид сам настапува на мал број туристички саеми, но најголемо внимание последните години се посвети на медиумска промоција на градот.
– Свесни сме колку средства се трошат на тоа и ние тоа неможеме да си го дозволиме, да учествуваме индивдуално на тие саеми. Ние учествуваме на оние саеми преку Агенцијата за туризам преку печатен материјал Охрид е секогаш присутен, вели Гоко Апостолов раководител на Сектор за туризам.
Покрај во медиумите имаше и дирекни промоции на Охрид во Москва, Виена, Прага, Ниш, Белград и Далијан Кина. Таму веќе градот а атрактивна дестинација и дел од туристичките аранжмани.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ