Ангел Велкоски нов претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.го избра Ангел Велкоски.

-„Голема е честа, а уште поголема одговорноста да продолжиме да го градиме и да го развиваме најбројниот и најсилниот политички подмладок во Република Македонија.
Од младите започнуваат промените, тие се изворот на добри и успешни политики, нашата сила е спој на знаењето, одлучноста и енергијата.
Како УМС ОК Охрид остануваме најцврста гаранција за младите и младинските политики во Охрид.
Уште во нашата кампања за локалните избори се обврзавме дека Охрид има да е град во кој младите ја гледаат својата иднина тука. Светла иднина за подобро утре на сите млади.
Целта која ја зацртавме е локалните проекти да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на секој еден млад човек во Охрид“, напиша Велкоски  на својот Фејсбук профил.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани