Градоначалникот на Кирил Пецаков информираше дека е асфалтиран патот за селото Завој, кој од магистралниот пат води до населеното место.
„Ветено – остварено. Асфалтиран патот за село Завој кој од магистралниот пат води до селото“, објави Пецаков на социјалните мрежи.
Според него, локалната самоуправа продолжува со развој на патната инфраструктура на целата територија на Општина Охрид, со цел подобро поврзување на населените места и подобрување на условите за живот на граѓаните.
„Ја развиваме патната мрежа на целата територија на општина Охрид, бидејќи секое населено место заслужува модерни и безбедни патишта. Ги поврзуваме сите населени места и го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани“, наведува Пецаков.
Тој посочува дека со реализацијата на ваквите инфраструктурни зафати се создаваат услови за локален економски и туристички развој, а Општина Охрид продолжува со реализација на капитални проекти кои, како што вели, носат добробит за сите граѓани.
„Охрид се менува на подобро, секојдневно“, додава градоначалникот.



