После историскиот и распродаден коцерт на BIJELO DUGME во Скопје пред повеќе од 10.000 посетители, Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ, повторно се враќаат во Македонија, овој пат на голем open air концерт во Охрид, на 04-ти август (петок) на стадионот „Билјанини извори“.
Ова е прв open air концерт на најголемиот и најуспешен балкански музички бенд и бренд на сите времиња, после навистина долго време.Влезнците се веќе во продажба, по следниве цени и категории:ПАРТЕР 600 денари, ФАН ПИТ 900 денари, ВИП 1500 денари Концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од 2ипол часа, а ќе започне во 22:30 часот.
Извор:tvpaket.mk