Август со рекорден број авионски летови

Охридскиот и скопскиот аеродром, во август забележале рекорден број летови на ден.

Според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Горан Јандреовски, во август е регистриран рекорден број од над 930 прелети на ден а до септември годинава на двата аеродрома во Македонија се опслужени 1.546 705 патници. По бројката од 1,5 милион патници минатата година, Јандреовски очекува до крајот на годинава на Скопскиот и на Охридскиот аеродром да се приближиме до два милиона патници.Генерално постои интерес од авиокомпании за влез на македонскиот пазар, а Министерството за транспорт и врски преговора за воведување нови линии за поврзување на Македонија со две атрактивни дестинации, чии имиња во интерес на преговорите не може да ги откријам, наведува во интервју за МИА директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Горан Јандреовски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани