Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, завршена првата галерија

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево влегува во својата завршна фаза и се одвива со засилена динамика, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, во тек е решавање на еден од најголемите предизвици на трасата – свлечиштата и косините, кои со години го забавуваа напредокот на проектот.

Целосно е завршена и асфалтирана првата галерија од вкупно 14 предвидени на трасата, која премиерот ја оцени како значаен инженерски зафат поради сложениот планински терен. Паралелно, со силно темпо продолжуваат и работите на тунелите, каде градежните активности се во завршна фаза.

Од Владата посочуваат дека досега во функција се ставени 34 километри од автопатот, делници што веќе секојдневно ги користат граѓаните.

Премиерот истакна дека завршувањето на автопатот Охрид–Кичево останува еден од клучните инфраструктурни приоритети, оценувајќи дека проектот ќе придонесе за подобра поврзаност, развој на стопанството, туризмот и севкупниот економски развој на државата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани