Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид повторно отворен за посетители

Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ во Охрид од вчера официјално е ставен во функција, информираа од ЈП „Билјанини Извори“.

Базенот ќе работи секој ден во периодот од 08:00 до 19:00 часот, овозможувајќи им на граѓаните и посетителите простор за рекреација, спорт и разладување во текот на летната сезона.

Од ЈП „Билјанини Извори“ најавуваат дека пливачките школи со работа ќе започнат од 6 јули (понеделник). Обуките ќе се реализираат во два термини – претпладне од 08:00 до 13:00 часот и попладне од 17:30 до 19:00 часот во малото корито.

Од претпријатието ги повикуваат сите заинтересирани, особено најмладите, да се приклучат на пливачките школи и под стручен надзор да ги направат своите први пливачки чекори.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани