Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на пресекот на булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“.
Во него удрило патничко возило кое не застанало и го напуштило местото на несреќата.
По преземени мерки, полицијата го пронашла возилото „Фолксваген Тигуан“ и возачот М.Д. (65) од Охрид. При алкотестирањето било утврдено дека имал 0,7 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид.
