Педесет и шестгодишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Македонски Просветители“.
Во несреќата учествувале запрено патничко возило „Киа“, електричен мопед „Јадеа“ и пешакот С.А.
Според информациите од полицијата, мопедот удрил во жената, која по несреќата била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, каде ѝ биле констатирани тешки повреди.
Увид изврши екипа на СВР Охрид.
