Бизнис заедницата и економистите против избори

Стопанствениците и економистите против предверемени избори. Политичката кампања и изборите го стагнираат економскиот раст.

Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески политичарите треба да ги тргнат рацете од реалниот сектор.

Изборите треба да бидат организирани на поинаков начин со кратка кампања, а политичките партии да се финансираат од буџетот.

– „Кога ние ќе имаме раздвоена позиција, како реален сектор од државата и политичките партии тие ако им требаат заради нивните активности да си држат зибори секои два месеци од нас се слободни нека си прават“, вели Бранко Азески.

И научната заедница согласна, изборите се непотребни трошоци кои негативно се одразуваат на економијата.

– „Честите избори значат одвлекување на ресурси, тие се скапи второ знаете бизнисот се соочува со неизвесности и очекувања во економијата . Кога има избори никој не зборува за биснис, никој не зборува за економија така што ако тие се избегнат во целата оваа ситуаација мислам дека ќе биде добро за биснисот“, смета академик Таки Фити

Во однос на новото задолжување на владата Азески дециден комората не поддржува задолжување на државата за непродуктивни трошоци.

-„За нас продуктивен трошок е инфраструктурата и средства кои се даваат за преструктуирање на пазар на анализа. Она што мене ме загрижува и би сакал да упатам една порака до владата тоа е дека мора да се води сметка за капиталните трошоци. Значи тие средства малку што ги имаме тие 400 милиони да не ги користиш и да бараш некакви оправданија неккави тоа е проблематично. Тиа што го имаме да го искористиме до максимум . Она што ќе се задолжиме на странскиот пазар тоа мора да биде задолжување на продуктивни трошоци то ќе ги оправда парите ќе ги покрие каматите и ќе донесе бенефит и за граѓаните и за фирмите“, додава Азески.

Трошењето на буџетските пари мора да биде транспарентно и постојано да е под лупа на медиумите, граѓанскиот сектор и коморите.

новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани