Блесна локалитетот “Манчевци” во Охрид.
Конзервираната ранохристијанска базилика од периодот од 4 до 6 век во стариот дел на Охрид, од 2015 година го збогатува македонското културно наследство.
Локалитетот беше случајно откриен при изградба на приватни куќи, а денес извршена е консолидација на објектот, конзервација на мозаичните подови, ставени се автетични столбови и покривна конструкција.
За празникот синоќа локалитетот доби и современо осветлување на иницијатива на Лајонс клубот „Лихнидос“.
-„Празнично дотерани и осветлени најубавите мозаици во Охрид. Локалитет кај Манчевци, 08 Септември 2018“, напиша професорот Зоран Тунтев од ЛК „Лихнидос“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
