Богата програма на Вевкул 2024

Богата програма за годинешното Вевчанско лето Вевкул  2024. Годинава мотото ќе биде  80 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  И 80 ГОДИНИ СЛОБОДНО ВЕВЧАНИ ( 17.09. 1944 – 2024 ).

.

  1. На 18 јули 2024 ( четврток ) во 19.00 часот, ќе се одржи Промоција на книгата монографија „Свети исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска„ од авторите : проф. Д-р Виктор Недески и ставрофорен протопрезвитер Александар Димоски.

Место: храм Св.Никола Вевчани.

  1. Промоција на книгата со песни „Вевчани во срце те носам“ од отец Зоран Попоски

Место: храм Св.Никола – Вевчани

  1. Промоција на романот „Мртва коска“ од Димче Парталоски. Романот е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година.

Место: Клчуб на пензионери-Вевчани.

  1. Промоција на стихозбирката „Цветни симфонии“ од ученичката Стефанија Џутеска од село Пискупштина – струшко.

Промотори м-р Верица Мукоска и Мишо Китаноски

Место. Клуб на пензионери – Вевчани

  1. На 16 септември во 19:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Кординати на болката “ песни од Александра Спасевска. Промотор Катерина Шекуткоска

Место: Клуб на пензионери – Вевчани.

II.

  1. Изложба на фотографии на тема: „ Руралната жена од Дримкол низ објективот“ – од фоторепортерот Стојан Кукунешоски

Место: Клуб на пензионери – Вевчани

  1. Изложба на карикатури на тема: „Губилиште“ од Анастас Ќушкоски, писател, уметнички фотограф и карикатурист

III.

  1. На 8 – ми септември 2024 год. Ќе се одржи традиционалната средба на сите поранешни фудбалери на ФК „Дримкол“ ОД Вевчани, и други љубители на фудбалот.
  2. Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани ќе се одржи креативна работилница за учениците со наслов „Сакам да бидам новинар – Како да станам писател“ .

Водител на работилницата Мишо Китаноски, новинар и активист за култура.

  1. На 16 септември 2024 година во 10 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, за учениците ќе се одржи креативна работилница на тема „Што е река“ од аавторката Моника Вајценовизене од Литванија.

Водителки: Катерина Шекуткоска, и Андријана Поповиќ – Манчевска од Скопје.

Почитувани пријатели, дополнително ќе бидетеинформирани за денот и времето за одржување на промоциите.

Само нашите програмски активности не се финасиски подржани од никого, затоа пак ние, продлжуваме како и досега со конкретни афирмации на вечните вевчански и македонски вредности и традиции.

Со пшочит,

Мишо Китаноски,новинар и активист за култура, Сашо Бетоски, поет и афористичар, м-р Верица Мукоска писателка, Димче Шипинкаровски, поет и уредник и Стојан Кукунешоски, фотореортер и новинар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани