Центарот за јавно здравје Охрид започна со работа и во сабота.
Почнувајќи од 4.11.2017 (сабота) Центар за јавно здравје Охрид, Отсек за клиничка микробиологија воведува работна сабота.
-Секоја сабота во месецот, во периодот од 8-12 ч. вработените во микробиолошките лаборатории при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ Струга ќе Ви бидат на располагање за прием на хумани материјали и нивна микробиолошка анализа.
Дозволете да потсетиме дека приемот на материјали се врши со доставување соодветен важечки упат(не постар од 1 месец) од матичен лекар/соодветен специјалист и регулирано здравствено осигурување, информира директорот на ЦЈЗ Охрид Сашо Точков.

