Струга повторно се гуши! Кој ја пали дивата депонија?

Повторно гори  струшката депонија. Граѓани на Струга алармираат на социјалните мрежи. 

 -Струга повторно се гуши. Не е познато кој ја пали депонијата но деновиве повторно чад и смрдеа!, пишуваат загрижени стружани. 

Со месеци граѓаните бараат решение за дивата градска депонија. 

-Доставивме писмен поднесок до новиот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко со кој бараме да оствариме средба која би се однесувала на проблемот што Општина Струга го има со дивата струшка депонија, информира Глигор Ќатоски од граѓанското здружение „Доста е“.

Во прилог писмениот поднесок со приемен печат од Општина Струга.

 

Инаку депонијата почна повторно да гори веднаш по завршувањето на вториот изборен круг во градот Струга. Граѓаните се сомневаат дека се работи за политчки препукувања. Според информациите до кои дојде Охриднет.ком  веќе нема физичко обезбедување на депонијата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани