Честитки за празникот од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Честитки по повод Денот на независноста испратија и комитетите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и Струга.

 

-„Единствени во намерата да бидеме свои на своето, пред 27 години храбро, решително и одговорно на 8 септевмри 1991 го остваривме вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија. Заветот на нашите предци е сигурен пат за нашите потомци. Пат кој води кон идејата за заедничка иднина на државата, единствена, меѓународно признаена и почитувана Република Македонија.
Антидржавните и антинационалните политики преку тргување со највисоките државни и национални интереси не смеат да се дозволат. Само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина со која ќе ја чуваме и браниме нашата слободна и независна држава.
Ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија. Република Македонија ќе излезе посилна и ќе продолжи да чекори кон просперитетна иднина, политички и економски силна, развиена и стабилна држава, а Охрид успешно и пријатно место за живеење на секој граѓанин.
Честит и вековит 8 Септември, Денот на Независноста!
Нека е вечна Република Македонија!, стои во честтката на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

-„8ми Септември, 1991 година е датумот кога беше постигнат вековниот стремеж на македонскиот народ за сопствена и суверена Република Македонија. На тој историски ден, Македонците масовно излегоа на Референдум и гласаа за независна Република Македонија, а со тоа го исполнија аманетот на нашите херои од минатото.
И денес, како и низ историјата, Република Македонија повторно е ставена пред бројни предизвици, но сите ние, со гордо исправени глави , ќе продолжиме да се бориме, секогаш на браникот на татковината, за нашите идеали, за идеалите на нашите идни генерациии, за слободна и независна Република Македонија!
Нека ни е честит и вековит 8ми Септември-Денот на независноста на Република Македонија!
Нека ни е вечна Република Македонија!, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Струга.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани