Човек паднал во отвор за лифт во Охрид

48 годишникот задобил тешки телесни повреди.

Вчера околу 22.30 часот во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см.
-Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Портпаролот кажа дека увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и дека во тек се  мерки за расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани