На ден 03.10.2018 година ( среда ) Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ “Дебрца “, ќе организираат прослава во село Црвена Вода по повод јубилејот – 75 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943.
Воедно ќе се одбележи и патрониот празник на општина Дебрца, со следната:
П Р О Г Р А М А
11:00 часот – с.Црвена Вода
– Полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор;
– Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца
– Пригодно обраќање на претседателот на СБ Охрид и Дебрца – Гоце Георгиески за значењето на овој ден;
– Хор и рецитал на учениците на ОУ ” Дебрца ” од с.Белчишта.
– Посета на спомен домот.
