Жителите на Дебрца денес со протест против иградбата на регионалната депонија во селото Годивје.
Поддшка им даваат и раселените жители кои живеат надвор од 33 те села распослани меѓу Охрид и Кичево. Вечерва здружени ќе организираат иницијативен одбор, кој ќе носи одлуки во иднина.
Загрижени велат не се откажуваат од протести. Стравуваат дека депонијата ќе ги загади плодното земјиште, печурките, пасиштата на стоката, пчелните семејства, а и живеалиштата на дивечот на Караорман.
-„ Тие мислат дека кај нас има премногу малку луѓе и нема да наидат на отпор. Тие се лажат ќе имаат премногу голем отпор ние ако треба ќе застанеме и по цена на живот ако трба ќе го браниме тоа и нема да дозволиме да се направи такво нешто“, вели Гоце Угриноски претседател на МЗ во село Годивје.
-„Во Советот додека сум јас тврдам дека таа идеја нема да помине.03 16 Тоа подрачје е недопрена природа. Ние црвсто ќе стоиме на ставот да го браниме тоа. Активно ќе протестираме.Апелирам до институциите до министерството што го води овој проект да најде дислокација “, вели Даниел Огненоски претседател на Совет на општина Охрид.
Градоначалникот на Дебарца кој ги поддржува протестите на жителите, вчера побара општината на референдум да одлучи за изградбата на депонијата.
– „Согласно законските регилативи претежно каде што се гради депонија најсоодветно е првата ппстапка да се изгради некаде каде што има веќе постојно одлагалиште некое е потоа доколку не е соодветно да се оди на друго место каде што ќе има најмало влијание врз животната средина“, изјави Игор Трајкоски-градоначалник на Дебрца.
Советниците на општина Дебрца во вторник закажаа итна седница на Совет. Ќе се одлучува за распишување на референдум за изградба на депонијата.
Новинар Соња Рилквска
Канал 5