Најголемиот хаос во центарлното градско подрачје го прават добавувачите на големите маркети во центарот на Охрид.
Иако според прописите набавките во чаршијата треба да се вршат најдоцна до 10 ч наутро, по цел ден пристигнуваат комбиња и камиони. Граѓаните се жалат и бараат надлежните да преземат мерки и да стават крај на овој хаос во сообраќајот.