Дебрца гласно против изградба на депонија во Годивје

Жителите на  Дебарца на чело со првиот човек на општината против изградба на депонија во атарот на селото Годивје.

Откако вчера министерството за животна средина го прогласи Годивје, како најповолна локација за регионана депонија, дебрчани бараат повлекување на таа одлука во спротивно се   закануваат со масовни проетести.

Општина Дебрца е еколошки чиста средина и  главно сливно подрачје на Охридското езеро, во неа не смее да се гради фабрика за отпад.

-„Општина Дебрца е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое е под заштита на УНЕСКО и споменик на природата согласно закон

– Општина Дебрца претставува еколошки чиста средина без тешка индустрија и од овие причини недозволиво е изградба на регионална депонија, односно изградба на најголема фабрика за загадување на општината

– Општина Дебрца е најмал создавач на отпад и недозволиво е ниту од економски, ниту од еколошки аспект да биде место за изградба на централна депонија

– Согласно позитивните законски регулативи, досега од страна на Општина Дебрца и од мене како Градоначалник немаме дадено било какво позитивно мислење, ниту пак Советот на Општина Дебрца има донесено одлука за изградба на ваква депонија, за што согласно Законот за управување со отпад за основање на регионална депонија носи одлука советот на општината“, вели Игор Трајкоски градоначалник.

Дебрчани  бараат министерството да го стопира проектот или во спротивно од утре започнуваат со масовни протести и блокирање на патишта

-„ Ние нема да дозволиме и не дозволуваме изградба на таква депонија.0740 Покрај тоа што ја загадуваме животната средина  на тоа население што останало таму и сака да живее од сточарство и земјоделие ние на овој начин сакаме и последниот човек да го избркаме од Дебарца“, вели Крсте  Блажески-претседател на м.з. Врбјани.

Општината нема да даде позитивно мислење за изградба на депонија во Годивје. Се бара од минисетрството за животна средина за регионална депонија да избере друга локација.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани