43 годишен охриѓанец сеел страв по дома и на спиење, со нож ја нападнал мајка си.
Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид,поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Т.С. (43) од Охрид.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти минатиот месец околу 03 часот минути во семејниот дом во Охрид. Тој, ја разбудил неговата мајка и со нож во рака, започнал да ја навредува упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот. Во еден момент, Т.С. и го ставил ножот под вратот и продолжил со навредите и заканите кон својот родител со што предизвикал силно чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Портпаролот Димоски, соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ лажно пријавување на кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Д. (59), државјанин на Република Србија а со привремен престој во Струга. Додаде дека настанот се случил на 20-ти минатиот месец, во 10 часот, кога,сега пријавениот, во полициската станица во Струга пријавил казнено дело „кражба“ на две пластични стакла од предни жмигавци од патничко моторно возило марка „Мерцедес С220“., што било паркирано на паркинг во близина на Основниот суд во Струга. Тој, на полициските службеници им кажал дека непознати лица, во згодна прилика ги извадиле и бесправно ги одзеле пластичните стакла од жмигавците и веднаш заминале.
Од преземените натамошни мерки, полициските службеници од полициската станица во Струга утврдиле дека воопшто не е случена таква кражба односно дека пријавениот Е.Д. лажно пријавил такво дело на негова штета.