Два послаби земјотреси меѓу Косел и Јанкоец

Синоќа околу 22 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер, со епицентар на 8 километри од преспанско Јанкоец.

Утрово во 5 53 ч. уште еден послаб потрес со јачина од 2,2 степени. Вториот земјотрес е со епицентар на 4 км од Косел. Овие земјотреси експертите ги сметаат за афтер шкокови и доказ дека тлото во охридско се смирува. 

Претходно земјотрес не беше регистриран три денови. Инаку од 18 јуни до 17 јули во охридско беа регистрирани над 1200 земјотрси, од кои најсилниот со јачина од 5 степени  се случи на 2 јули во 13 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани