Советниците обвинуваат: На охридските плажи владее хаос

Советниците од двата блока на ист став. Хаос владее на охридските плажи.

Светничката од СДСМ Виолета Мицковска на вчерашната седница запраша дали се легални платформите на вода. Според неа не смеело да се дозволат платформи кои се штетни и го нарушуваат биодиверзитетот на Охридксото езро.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ  Јованка Дамоска, побара увид во урбанизацијата на крајбрежјето. Да не се дозволи плажите кои се јавно добро да бидат недостапни за граѓаните.

 

Забелешки имаа и за прегласната музика, која ечи до раните утрински часови Голем дел од концесионерите не го почитуваат законот, не оставаат слободен простор за граѓаните, им наплатуваат лежалки, не им дозволуваат храна и слично.

Голем процент од плажите не ги задоволуваат и безбедносните стандарди, а работат со години. Инспекторите ниту ги казнуваат , ниту ги затвораат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани