Дебрца се мобилизира и најавува еко револуција

Цела Дебрца е на нозе и подготвена за еко револуција.

Жителите на општина Дебрца најавуваат масовен еко протест против изградба на регионална депонија во Општината. Револтирани од таквите најави, жителите од сите населени места на Дебрца ќе го одржат протестот во атарот на село Ботун, во недела (22ри април), со почеток во 11:55 часот.Од она што може да се забележи, дебрчани добро се организираат и на социјалните мрежи. Датумот на закажаниот протест е токму на денот на планетата Земја.Инаку, лани жителите Општина Дебрца, со мирни протести се спротивставија и на изградбата на асфалтна и бетонска база на локалитетот „Царополе“ во атарот на Ново Село.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани