Авион на компанијата „Онур Ер“ денеска ќе слета на охридскиот аеродром.
Денеска околу 14 часот на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе слета авион на турската компанија „Онур Ер“ со што и официјално ќе биде воспоставен првиот директен авио лет од новата авио линија Истанбул – Охрид.Воспоставувањето на сезонска авионска линија Истанбул-Охрид е резултат на преговорите на авиокомпанијата „Онур Ер“, турскиот тур оператор „Татилбудур“ со македонската Влада и ТАВ Македонија.Директната авио линија ќе се реализира секоја недела до 7 октомври а вкупно 23-те летови до Охрид ќе бидат со авиони од типот Ербас А320.
Во согласност со традицијата кога станува збор за први воспоставени директни авио линии, гостите од Истанбул и првиот директен авио лет, ќе бидат поздравени со пригодна свеченост.Предвидени се пригодни говори на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на операторите „Онур Ер“ и на „Татилбудур“.
