Повредените имаат тешки повреди.
На 23.06.20 во 11.20 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на превојот „Буково“, случена е сообраќајна незгода, во која, товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К.(46) од Ресен, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот З.Г.(44) од ресенското село Евла.
– Двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им е укажана лекарска помош, а по овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Инаку, на местото на несреќата, покрај полицијата, интервенирале припадниците на Територијалната Противпожарна Единица од Охрид кои први пристапија на повредениот и заедно со два тима од планинарската спасителна служба, асистирале при извлекувањето.
