Детскиот настан „Разигран плоштад“ овој викенд

Во рамките на Програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото:,,Културата расте со децата” ќе се одржи забавниот настан ,,Разигран плоштад”. Според предвиденото учениците од 5-то одделение од општинските централни училишта ќе играат во исти чекори, на ист ритам и ќе го прослават танцот.

Настанот ќе започне во 12:00 часот на градсакиот плоштад „Свети Климент Охридски“, по завршувањето на наставата. Учениците кои ќе учествуваат на настанот  или сакаат да бидат дел од публиката, треба да бидат на плоштадот најдоцна до 11:45 часот.

Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид оваа година за прв пат организираше  богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град. На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се реализираа низа културно-забавни настани и активности за деца под мотото „Културата расте со децата“. Сите настани беа бесплатни за публиката.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани