Истекува рокот за апликација за државна помош за општините. Општина Охрид аплицира со десет проекти, во фокусот е инфраструктурата.
-Реконструкција на улица во село Пештани;
-Реконструкција на улица во село Подмоље;
-Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
-Реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ ЛТХ „Леарница;
-Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид;
-Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црква „Свети Атанасиј“;
-Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
-Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улица „Кленоец“;
-Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“;
-Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.
Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид останува наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека пристигнуваат апликации на повикот од сите општини, потенцирајќи дека очекува целиот процес да заврши успешно. До сега над 70 општини поднеле повеќе од 250 проекти.
По добивање на апликативните формулари, почнува процесот на евалуација која се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница.