Дигитализирани 20 споменици во Охрид

Заврши првата фаза од проектот Дигитализација на споменици и спомен-обележја во Охрид. Во периодот на месец октомври и ноември 2024 година, направен е увид на 20 спомен обележја во општината  Тие се дигитално мапирани и за истите е подготвен текстуален опис кој ги содржи општите информации и карактеристики за споменичните целини, како и фотографии од моменталната состојба.

Со изработка на оваа дигитална мапа  се допринесува за презентација, промоција но и  тековно надоградување на Регистарот на спомен обележја во Општина Охрид.

– Во рамки на рпоектот кој е финансиран од страна на општина Охрид со годишната програма ги опфативме спомениците во централното јадро. Извршивме увид и псоатвени се на дигитална мапа имаме основни податоци и фотографии од самите споменици.  За оваа година предвидено е да се направи увид на уште 37 споменици и се надевам со тоа ќе ги опфатиме сите споменици ке имаме една детална претстава каде се наоѓаат и во каква состојба се, истакна во изјава за МРТВ  Иван Малезан археолог координатор на проектот.

Дигиталната мапа содржи четири посебни слоеви, односно спомен обележјата се поделени на четири категории. За поголема промоција во иднина се планира и превод на текстот и на други странски јазици.

– Опфатени се четири категории на спомен обележја едната е споменици на природата, споменици на значајни лица, христијански споменици и спомен куки и спомен обележја. Истите категории ке останат и во наредниот период. Дигитализираните спомен обележја се од големо значење прво за зачувување на колективната меморија кај граѓаните, но и запознавање со моменти и личности од охридсkиот регион. Засега е само на македонски но идејата е да се напраи и на други јазици, додава Малезан.

Во првата фаза беа опфатени Спомен-обележјата во централно градско подрачје, а во понатамошните фази е предвидена и дигитализација на  сите споменични целини на територија на град Охрид  со цел создавање на дигитална мапа наспомен- обележја  која веќе е   објавена и поставена на општинската  web страна.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани