Нападнат малолетник од село Лабуништа.
На 28.01.2025 во 12.55 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Калајџиески“ во Струга, малолетник од струшкото село Лабуништа бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.
