Додека местел олуци починал од струен удар

Охриѓанец починал од струен удар додека местел олуци.

На 12.09.2017 година  околу 11,30 часот во Струга на ул.„Едвард Кардељ“ Г.М. (44) од Охрид неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, извршувале градежни работи (местеле олуци),  на куќата на Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал. Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани