Доктор Митко Тилев ќе биде кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне за град Охрид. Ова е одлуката на партијата.
Советничката листа ќе ја предводи новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков. И Тилев и Пецаков се почитувани и познати доктори во градот. Тилев до скоро беше долгогодишен директор на една од најуспешните болници во земјава , Специјалната болница за от=ртопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид. Од партијата се убедени дека ќе извојуваат убедлива победа.