Взаемно признавање на возачките меѓу Македонија и БиХ

Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи издадени во едната или во другата држава. Со тоа, надлежните органи на двете држави реципрочно ги признаваат возачките дозволи на возачите кои управуваат со возила на територијата на едната или другата држава.

 

Од македонска страна договорот го потпиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за комуникации и транспорт на БИХ Исмир Јуско.

Министерот Спасовски истакна дека потпишувањето на договорот со БиХ е дел од проектот на Министерството за реципрочно признавање и замена на возачките дозволи. Потпишувањето на договорот, министерот Јуско го оцени како потврда на добрата соработка и одличните добрососедски односи.

Освен со БиХ, досега ваков договор Македонија има потпишано со Италија, Шпанија, Албанија, Црна Гора и Србија, а во тек е процедурата за потпишување на вакви договори со Косово, Турција, Велика Британија и Германија.

 

Пред потпишувањето на договорот, министерот за транспорт оствари билатерна средба со неговиот колега од БиХ на која е разговарано за возобновување на директната авионска линија меѓу Скопје и Сараево. Двајцата министри изразија надеж дека авионската линија наскоро ќе биде возобновена. На средбата станало збор и за приклучувањето на БиХ во транспортната заедница, како и за продлабочување на билатерланата соработка во патниот сообраќај.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани