ПРЕТСТАВЕНА ЗБИРКАТА ПЕСНИ „РЕЗБИ ВО ВРЕМЕТО“НА ДРАГАН ПОПОСКИ“

Пред голем број на љубители на пишаниот збор и во присуство на Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски,во рамките на културната манифестација„ ВЕВКУЛ“2017,на 13 септември,во црквата „Свети Никола“во Вевчани,беше промовирана збирката песни на пензионираниот доктор по медицински науки Драган Попоски – Стојнин.

Промотор беше познатиот македонски писател,поет,есеист и колумнист Ефтим Клетников кој истовремено е и рецензент на книгата,кој во своето опсежно излагање истакна дека песните кои се претставени во збирката се пишувани во еден – за нашите човечки мерила – неверојатен временски опсег од 60 години,од најраните песни создадени во 1956 година,се до наскорешните запишани во 2016 тата.

Еден цел човечки живот! Така,тие можат слободно да се наблудуваат како археологија на битието,битие кое што се пројавува,односно говори.Ова е поезија која сака да запамети,а Драган Попоски –Стојнин во таа смисла е летописец на своето битие,на неговите неминовни резонации произлезени од сооченоста со егзистенцијата,неговите потреси,вознесе и мечти. Уводничарот на оваа нсекојдневна промоција истакнатиот публист,пистел,поет и хроничар на Вевчани Мишо Китаноски,ги запоана подетално присутните со Драган Попоски – Стојнин роден на 29 март 1940 година во Вевчани,син на Ристо и Стојанка.Виорот на Втората светска војна трагичен е за неговата фамилија.Како дете без родители растел и се школувал во детските домови во Битола,Скопје Кратово,Ресен,Валандово.

Во Битола,1960 година завршува гимназија,а Медицински факултет и специјализација завршува во Скопје.Во 1961 година формира семејство со гимназиската љубов Марија. Работи како лекар,а подоцна како советник за медицина и фармација во фабриката за лекови „Галеника“ од Белград.Во 1992 година,меѓу првите во Република Македонија,ја формира Приватната здравствена организација аптека „Биолек“ со работни единици во Скопје и Битола. Промоцијата цело време беше со музичка придружба на М-Р.Зоран Радиноски.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани