Документацијата од животот и делото на доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ предадена во охридскиот архив

Архивот на град Охрид ќе изврши спогодбено превземање на документацијата од животот и делото на доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ.

 

Во прекрасна соработка и спогодба со семејството Радиќ, архивот ќе ја превземе документација која има непроценливо историско значење каде воедно ќе биде заштитена, средена и чувана во соодветни услови се со цел да послужи за проучување на ликот и делото на доајенот Радиќ од сегашните и идните генерации.

Во оваа прилика ДАРСМ ПО Охрид искрено се заблагодарува на семејството Радиќ за големата свест кон она што преставува заштита на документација при архивски услови, информира Доц.Д-р. Никола Митровиќ Бабе в.д. директор на ДАРСМ Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани