Документарниот филм „К15: Од другата страна“ на репертоарот во Центарот за култура

Документарниот филм „К15: Од другата страна“ ќе биде прикажан во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид во среда, на 25 март 2026 година, со почеток во 20 часот. Цената на билетот изнесува 200 денари.

Филмот е дело на режисерот и сценарист Ико Каров и во времетраење од 100 минути ја открива интимната, човечка и помалку позната страна на еден од најголемите хумористични феномени во Македонија – К-15.

Автентичноста на овој проект се должи и на фактот што Ико Каров е син на Бубо Каров, еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио, поради што одблиску го следел целиот процес уште од најрана возраст.

Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.

Картите се веќе пуштени во продажба на билетарата на Центарот за култура. Билетарата работи секој работен ден од 10 до 17 часот, како и на денот на проекцијата од 13 до 20 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани